Кирил Лазаров/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Лазаров: Фарски Острови е одлична репрезентација, шансите се 50-50 за пласман на Мундијалот

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ги започнува подготовките за двомечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025.

Селекторот Кирил Лазаров вели дека не смее да се потцени противникот, иако не е дел од европскиот врв, сепак на теренот ќе се види една квалитетна селекција која треба да се почитува.

– Фарски Острови е одлична репрезентација, во составот има квалитетни ракометари. Од наша страна мораме сериозно да влеземе во подготовките за двата натпревари. Нашиот противник доста напредува и има остварено добри резултати. Јас верувам во моите репрезентативци и во нивниот квалитет, имаме млади и талентирани играчи кои добро се развиваат. Ја почитуваме селекцијата на Фарски Острови, но во исто време се почитуваме и самите себе. Шансите за пласман на Светското првенство се 50-50, верувам дека со нашиот квалитет можеме да им се спротивставиме на противниците – рече Лазаров.

Првиот меч од двомечот ќе се игра на 8 мај во Торшавн, а возвратниот дуел е на 12 мај во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ од 19.00 часот.

Лазаров повика 20 ракометари за мундијалскиот бараж, а дополнително е повикан Мартин Карапалевски. Нашиот национален тим ќе биде комплетен в недела кога ќе се приклучат Никола Митревски и Филип Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот