Лавров: За Русија е сеедно кој ќе победи на претседателските избори во САД

Сергеј Лавров/ Фото Grigory Sysoev / Sputnik / Profimedia

Владејачката елита на САД мисли во рамките на својата супериорност и посебност, ја гледа Русија како свој непријател и егзистенцијална закана, поради што на Москва и е сеедно кој ќе победи на следните претседателски избори во таа земја, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Имајќи го предвид постоечкиот меѓупартиски консензус за ова прашање, би било наивно да се надеваме за подобрување на односите ако победи републиканскиот кандидат“, додаде Лавров.

„Нашата подготвеност во целост да го обновиме дијалогот со САД не треба да се зема здраво за готово. Руско-американските односи се влошија до крај поради вината на Вашингтон, кој доктринарно ја одреди задачата да се нанесе „стратешки пораз“ на Русија. Иако Белата куќа и натаму е внимателна да го уништи тоа што остана од односите, Американците очигледно не се подготвени да водат искрен дијалог заснован на заемно почитување и уважување на интересите на двете страни“, објасни Лавров.

Како што вели тој, мирното функционирање заедно со Вашингтон е можно, но само доколку Америка го признае рускиот национален интерес. Сепак, „владејачките кругови во САД ја негираат реалноста на мултиполарниот свет“.

Во тој контекст, тој го спомена и Договорот за ликвидација на ракетите со краток и среден дострел, кој Москва и Вашингтон го потпишаа во 1987 година, и рече дека „не останува уште многу додека Американците на копно не распоредат ракети со краток и среден дострел во различни региони во светот“, односно додека овој Договор не биде прекршен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот