Лани трговската размена меѓу Русија и Кина достигна рекордно ниво

Foto: EPA

Трговската размена меѓу Кина и Русија достигна рекордно високо ниво во 2023 година, додека трговијата со САД падна по првпат од 2019 година, покажуваат податоците на кинеската царина.

Кина и Русија разменија стоки и услуги во вредност од 240,1 милијарди долари минатата година, што е зголемување од 26,3 отсто во споредба со 2022 година.

Кина и Русија значително ја зајакнаа економската соработка од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

Од друга страна, трговијата меѓу Кина и САД го доживеа својот прв пад минатата година од 2019 година, во услови на геополитички тензии меѓу двете водечки економски сили.

Во 2023 година, Кина и САД разменија стоки и услуги во вредност од 664,4 милијарди долари, што е намалување од 11,6 отсто во споредба со претходната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот