Лани 665 македонски граѓани зеле германско државјанство

Германски пасош/ Фото: EPA/MATTHIAS BALK

Во текот на 2023 година 665 македонски граѓани добиле германско државјанство – од нив 300 биле мажи, а 365 жени.

Во 2023 година германски државјани станале 665 македонски граѓани, односно 55 помалку во споредба со годината пред тоа. Општиот тренд, пак, покажува дека бројот на странци кои зеле германско државјанство се зголемува и во 2023 година бил највисок од почетокот на овој милениум.

Според Сојузниот завод за статистика, бројот на лица во Германија кои добиле германско државјанство во 2023 година се зголемил за 19% во споредба со 2022-та. Изразено во апсолутни бројки – во 2023 година германско државјанство добиле 200.095 странци. Притоа, тие потекнувале од 157 различни земји. Најголем број биле од Сирија, Турција, Ирак, Романија и Авганистан. Сиријците учествуваат со повеќе од една третина во вкупниот број нови германски државјани. Според статистичарите, тоа се должи на големото доселување сириски бегалци во периодот од 2014 до 2016 година, кои во меѓувреме ги исполнуваат условите за добивање германско државјанство.

Новите германски државјани имаат во просек по 29,3 години, што значи дека се значително помлади од просекот на вкупното население во Германија (44,6 години).

Извор: Дојче веле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот