Лагард повика на регулирање на трговијата со криптовалути: Има случаи во кои биткоинот се користи за перење пари

Фото: EPA/FRANK AUGSTEIN / POOL

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард денеска повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, велејќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки” во регулативата.

Биткоинот сега го купуваат обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Некои земаат заеми за да ги зголемат набавките на криптовалутата, чија вредност е скоро тројно поголема од минатиот март.

Биткоинот е високо шпекулативно средство кое се користи за некои чудни деловни активности и некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари, рече Лагард на прес-конференција.

Таа не посочи конкретни случаи во кои се користела дигиталната валута за перење пари, но рече дека има информации дека се води кривична истрага против овие незаконски активности.

Со својот апел, шефицата на ЕЦБ се приклучи на голем број регулатори од целиот свет во повиците за примена на глобалните правила и на криптовалутите.

– Мора да постои регулатива. Таа мора да се применува и да се договора на глобално ниво, а доколку  некој го избегне тоа, тоа бегство ќе биде злоупотребено, рече Лагард

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот