Кузеска: Предвремени избори не се потребни, стабилно е парламентарното мнозинство

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ/Фото: СДСМ

Во овој момент не се потребни предвремени парламентарни избори во државава, а стабилно е и парламентарното мнозинство, изјави вечерва портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

-Она што ќе следува е реизбор на владата, но нема потреба од предвремени парламентарни избори, бидејќи парламентарното мнозинство е стабилно, изјави Кузеска пред најавената прес конференција во СДСМ во 21 часот, кога партијата ќе ги соопшти резултатите од денешниот избор на нов лидер на СДСМ.

Вечерва по реизборот за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски продолжи да се залага за предвремени парламентарни избори откако по убедливата победа на локалните избори не успеа да создаде ново парламентарно мнозинство.

Во партиското седиште вечерва пристигна и лидерот Зоран Заев кој своето право на глас за нов претседател на СДСМ го оствари денеска во Струмица.

За претседателското место во партијата денеска се бореа кандидатите: Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

Дел од скопските телевизии вечерва соопштија дека Димитар Ковачевски по пребројувањето на поголем дел од гласовите, но сепак неофицијално е наследниот на Заев на претседателската функција во СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот