Кузеска ја обвини опозицијата дека е против европската иднина на земјата

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ/Фото: СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска го обвини лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски дека тој и ВМРО-ДПМНЕ се против членството во ЕУ.

Во ДПМНЕ нема никаква промена, Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски. Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО. Само за да го пљачкаат народот. Мицкоски ја продолжи таа анти НАТО и анти ЕУ политика, обвинува Кузеска.

Како што напомена таа, опозициската ВМРО-ДПМНЕ „се обидува да ја блокира европската иднина на земјата”.

„Тие дејствувааат против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди” смета портпаролката на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот