Кувајт купува турски борбени дронови за 367 милиони долари

Фото: mia.mk

Кувајт потпиша договор вреден 367 милиони долари за купување на беспилотни борбени летала ТБ2 од турската компанија Бајкар.
Дронот Бајрактар ТБ2 може да носи лесни бомби со ласерско насочување и да лета непрекинато до 27 часа.

Началникот за операции на воздухопловните сили на Кувајт, генерал Фахад Ал Досари, во видео порака на Твитер, истакна дека флотата од беспилотни летала може да ги поддржи морнарицата и крајбрежната стража и да ги надгледува поморските и копнените граници.
Тој додаде дека беспилотните летала можат да „вршат мисии за извидување и таргетирање“ и да помагаат во операциите за пребарување и спасување.

Бајкар и кувајтската Влада не прецизираа колку дронови ќе бидат купени и кога ќе бидат испорачани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот