Курти во Атина: Признавањето на Косово, соработка и членство на регионот во ЕУ се пат кон мир и стабилност

Албин Курти / Фото: ЕПА

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска во Атина изјави дека „признавањето на Косово, соработката и членството на регионот во ЕУ е патот кон мирот, стабилноста и долгорочната безбедност“, соопшти неговиот кабинет.

Обраќајќи им се на учесниците на тркалезната маса организирана од грчката влада и британското списание „Економист“, тој го повтори барањето Грција да им се придружи на земјите што ја признаа независноста на Косово, нагласувајќи дека „22 од 27 земји-членки на ЕУ веќе го признале Косово, а истото го сторија и 26 од 30-те земји членки на НАТО “.

Курти ги информираше присутните за „значајните резултати“ што Владата на Косово ги постигна во борбата против пандемијата на коронарниот вирус за сто дена откако тој стана премиер и посочи дека „Косово е единствената земја во регионот што има не примиле вакцини од Русија и Кина”.

Курти рече дека започнатите реформи во судството и борбата против криминалот имале позитивен ефект врз зголемувањето на довербата на граѓаните во институциите.

Тој рече дека овие мерки влијаеле и на економските индикатори, според кои во првите пет месеци од годинава, економската активност пораснала за 15 проценти, приходите на буџетот за 30 проценти, а извозот за 66 проценти, додека за цела година се предвидува економскиот раст од 7,9 проценти.

„Премиерот Курти зборуваше за регионалната соработка и економската интеграција на Западен Балкан. Косово веќе предложи нова рамка за соработка, наречена СЕФТА (Договор за слободна трговија на Југоисточна Европа), која ќе ги вклучува сите земји од Западен Балкан како рамноправни членки и како таков би бил заснован на посебен однос со Европската унија, според моделот ЕФТА-ЕЕА“, се наведува во соопштението.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот