Курти: Косово има заедница на општини, српска заедници би била противуставна

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема сознанија оти во неговата влада постои некаков план за формирање заедница на српски општини во Косово, како што тоа го сугерираше специјалната известувачка за Косово во Европскиот парламент, Виола вон Крамон во синоќешното интервју за косовската КТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во изјава за новинарите по денешната седница на Владата на Косово, Курти изјави дека останува на ставот оти во Косово веќе постои заедница на општините, а Уставот на државата не дозволува формирање државни заедници по етничка основа.

„Косово има заедница на општините и мене како премиер таа заедница ми е достатна. Јас немам сознанија за некој план на асоцијација на општини со српско мнозинство. Уставот не дозволува асоцијации по етничка основа“, рече Курти.

Тој додаде и дека, доколку се прашаат косовските граѓани, „никому не му е приоритет една таква заедница“.

„Доколку ги прашате граѓаните на Косово, без разлика на нивната етничка и верска припадност, никому не му е приоритет една таква заедница. Сите тие сакаат работни места, правда, образование и здравство. Сакаат борба против корупцијата. Затоа нашата влада е влада на сите граѓани, не само на Албанците. Ги прифаќаме барањата од сите, ги браниме правата на сите“, изјави Курти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот