Фото: ЕПА

Курти ја одби поканата за средба со Тачи

Премиерот треба да носи одлуки кои се во согласност со волјата на граѓаните на Косово, со евроатлантската ориентација и да не должи со носењето на потребните одлуки, затоа што тоа може да ја одведе земјата во погрешна историска насока, порача Тачи.

– Треба да работиме и да чекориме напред со единствени ставови и да го чуваме како очите во главата партнерството со западните сојузници, а пред сé со оние кои го дадоа најголемиот придонес за независноста на Косово, а тоа се САД, истакна на прес – конференција косовскиот претседател Хашим Тачи кој информира дека косовскиот премиер Албин Курти и понатаму ги игнорира неговите покани за средба на која би разговарале за развојот на односите со главниот партнер и сојузник на земјата.

Мојата порака е дека премиерот треба да носи одлуки кои се во согласност со волјата на граѓаните на Косово, со евроатлантската ориентација и да не должи со носењето на потребните одлуки, затоа што тоа може да ја одведе земјата во погрешна историска насока, рече Тачи.

Косовскиот претседател порача дека слободата на Косово „нема смисла без стратешкото партнерство со САД” и уште еднаш ја обвини Европската унија заради неукинувањето на визите за косовските граѓани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот