Курти ја обвини Србија дека се обидува да го попречи напредокот на регионот во евроинтеграциите

Албин Курти/Фото: Armend NIMANI / AFP / Profimedia

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Србија се обидува да го попречи напредокот на регионот во евроинтеграциите и побара од западните земји да реагираат на тоа со давање членство на Косово во Европската Унија.

Курти на денешната конференција, организирана од Фондацијата Фридрих Еберт и Комитетот за надворешни работи и дијаспора на Собранието на Косово, на тема „Премостување на Западен Балкан: Парламентарна дипломатија за регионална безбедност и евроатлантска интеграција“, рече дека Западен Балкан е загрозен од српската држава, додавајќи дека патот кон евроатлантските интеграции „не се поминува сам“.

– Верувам дека демократскиот напредок не треба да се земе здраво за готово… Србија сака да го попречи напредокот на целиот регион. ЕУ и НАТО со право одговорија на агресијата на Русија, така што и заканата по безбедноста на Западен Балкан од страна на Србија мора да се реши со истиот пристап со доделување на членство на Косово во ЕУ, рече Курти.

Залагајќи се за дијалог и инклузивност меѓу народите, косоцвскиот премиер ја нарече супериорноста на еден етникум над другите „стара предрасуда“.

– Се уште постојат историски политички разлики и социоекономски нееднаквости, кои се закануваат да не поделат наместо да не обединат. Затоа мораме да ги промовираме принципите на дијалог и инклузивност, кои се од суштинско значење за создавање мостови меѓу луѓето и државите. Парламентарната дипломатија денес е потребна повеќе од кога било. И патот кон регионалната соработка има свои пречки. Сè уште има историски разлики кои често ризикуваат да не поделат. Идејата дека некои етникуми, раси и групи се супериорни во однос на другите е стара предрасуда, изјави Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот