Курц го подржа мировниот план на Трамп

Себастијан Курц / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Курц и Шаленберг апелираа до сите страни да се прифати американскиот план како повод за обновување на преговорите под раководство на САД, за врз тие основи да се дојде до конечно решение.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц  ја подржа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на проблемот меѓу Израел и Палестина.

-Поздравуваме што САД и претседателот Трамп со конкретни предлози се вклучуваат во решавањето на еден од најтешките конфликти во меѓународната политика- истакна Курц во зедничкото соопштение со министерот за надворешни работи, Александер Шаленберг.

Меѓународната заедница и ЕУ веќе со децении сакаат со решението „две држави” да се заврши конфликтот и крвопролевањето, нагласија двајцата Австријци.

Курц и Шаленберг апелираа до сите страни да се прифати американскиот план како повод за обновување на преговорите под раководство на САД, за врз тие основи да се дојде до конечно решение.

-Застојот во процесот на изноѓање мир на Блискиот Исток трае веќе предолго- констатираа двајцата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот