Курц се откажал од 75.000 евра приходи од државата, ќе биде на кратка „бејби пауза“, а потоа ќе бара нова работа

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Поранешниот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, нема да ја добива платата која ја има како шефот на пратеничкиот клуб, на која би имал право шест месеци по напуштањето на функцијата.

Курц за виенскиот весник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од правото на тие приходи.

Тој би имал право на 75 отсто од платата која е повисока од 15.000 евра месечно, колку што земал како шеф на пратеничкиот клуб. Тоа значи дека за шест месеци со божиќен бонус од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра.

Фото: ЕПА

 

Сепак, Курц нема намера да аплицира за тие пари.

„Моето разбирање за политиката отсекогаш било дека сакам да и служам на државата и да работам за народот“, рече тој.

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Медиумите шпекулираат дека Курц ќе биде на одморо односно ќе направи кратка „бејби-пауза“, а следната година, во првиот квартал, ќе се вработи во приватниот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот