фото: rkprolet.mk

Куп, полуфинале: Тинекс Пролет во обид да го изненади фаворитот Еурофарм Пелистер

Тинекс Пролет денеска ќе го игра својот полуфинален натпревар од Купот на Македонија (17.30 часот, сала „Билјанини Извори“ во Охрид), во кој за противник ќе го има составот на Еурофарм Пелистер.

Самиот пласман на овој фајналфор турнир е значаен успех за Тинекс Пролет по подмладувањето на составот и заминувањето на неколку стандардни првотимци на почетокот од годинава.

Без оглед на фактот дека битолчани се фаворити во денешното полуфинале, тренерот на Тинекс Пролет Алексо Лембанов очекува добро издание од своите избраници на овој фајналфор турнир.

– Еурофарм Пелистер е тим чија форма се наоѓа во нагорна линија, екипа што е блиску до титулата во првенството и сигурно со уште поголема самодоверба ќе влезе во овој завршен турнир. Наспроти нив, ние се наоѓаме во серија не само на слаби резултати, туку и на слаби перформанси на теренот. Свесни сме дека мораме да ја кренеме формата во овој финиш на сезоната, а желба на сите во клубот е да се прикажеме во добро светло во Охрид. Она што сметам дека е клучно е да го лимитираме бројот на лесни погодоци од контра и полуконтра на ракометарите на Пелистер. Тоа значи дисциплина во нападот и брзо враќање назад во транзиција кон одбраната, Ако успееме да го натераме Еурофарм Пелистер што повеќе напади да има на наша поставена зона, верувам дека ќе можеме подолг период достојно да парираме во ова полуфинале – рече Лембанов.

Победникот од овој меч во големото куп финале ќе игра со подобриот од втората полуфинална пресметка РК АлкалоидРК Вардар 1961 која ќе се игра од 20.00 часот.

Oдредени судиите за ракометниот Куп на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот