Принтскрин

КРУЕЛА ДЕ ВИЛ КАКО ПАНКЕРКА: Вака ќе изгледа познатата злобничка во новиот „101 далматинец“

Младата Ема Стоун ќе се појави во улога на злобната Круела де Вил во новиот римејк на класикот „101 далматинец“.

Дејството на филмот ќе биде сместено во 70-тите, кога во Лондон владеела панк-рок сцената. Токму во такво издание и ќе ја гледаме Круела.

Фотографијата од новата Круела ја објавија Дизни на својот официјален профил на Твитер. Тие ја задржуваат познатата приказна, но ѝ даваат сосема нов облик, различен од досега познатиот.

Во филмот ќе ги гледаме и Пол Волтер Хаузер, Џоел Фреј и Ема Томпсон.

За разлика од оригиналната Круела, која е возрасна и разгалена жена, новата Круела ќе ја гледаме во панк-рок издание и облечена во кожа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот