Кршење на закон: Во администрација се давала плата под минимална?!

Фото: МИА

Во администрацијата која практично со државата заснова службенички однос, се исплатуват плати под минимален износ. Ова го откри претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудни органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деановски на денешната прес конференција посветена на минималната плата.

– Две категории на вработени во администрацијата и во правосудството се единствени по тоа што 2 години земаат плата под минималната. Тоа се помладите референти кои се уште добиваат плата од 14.500 денари и референтите кои се` уште добиваат плата од 14.980 денари, иако минималната плата е 15.194 денари – рече Деановски.

УПОЗ денеска упати барање до Владата заедно со измената на Законот за минималната плата во скратена постапка да се направат измени и на посебните закони кои ги регулираат платите на вработените во администрацијата и правосудството на начин што вредноста на минималната плата да се земе како основ на плата и сите вработени да имаат одредени бодови за ниво.

На овој начин, според нив, ниту еден вработен во администрацијата не би бил на минимална плата и прв пат во историјата ќе имаме усогласување на платите со минималната плата во администрацијата и правосудството. Во спротивно, тие најавија дека ќе бидат приморени да ја активираат одлуката донесена во ноември и незадоволството на вработените да го изразат преку протести или преку други форми на притисок за други форми на штрајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот