Крмов: Левица на изборите ќе оди со нови луѓе, на листите се децата на транзицијата

фото Архива

Носителот на листата од Левица во третата изборна единица Борислав Крмов вели дека ќе ги поднесат листите до ДИК пред крајот на рокот.

Претпоставувам ќе бараат влакно во јајцето па за секоја точка, запирка таму ве враќаат, имате 48 часа да ги коригирате, но некаде пред крајот на рокот ќе ги предадеме, вели Борислав во дневникот на Сител, каде потенцираше дека Левица на изборите ќе се претстави со нови лица.

„Левица оди со нови луѓе, коишто ние веќе ги промовиравме на малите екрани пред да дојде таа фамозна забрана, кога го блокиравме законот за медиуми, па од тогаш само вака спорадично се појавуваме во медиумите, тоа се млади луѓе, нерасипани луѓе, луѓе кои што се граделе низ органите на партијата. Тие немаат фамозни презимиња и не припаѓаат на тие фамилијарни кланови. Тоа се децата на транзицијата, тоа се нов вид на политичари, кои што ќе бидат едно големо освежување на политичката сцена“, порача Крмов.

Вечерва на полноќ истекува законскиот рок во кој коалициите и политичките партии треба да ги достават кандидатските листи за претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со вториот круг на претседателски избори на 8 мај во Државната изборна комисија (ДИК).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот