
Кривокапиќ: На Ѓукановиќ гајле му е за државата штом тој не ја поседува
Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ не дозволува мирна транзиција на власта и продолжува во повеќегодишен манир државата да ја третира како свој феуд, оценува премиерот Здравко Кривокапиќ.
Препорачано
Тој на својот Твитер профил напиша по повод одлуката на Ѓукановиќ да се ги врати на повторно разгледување сите закони кои Собранието ги донесе на седницата на 29 декември, меѓу кои се и измените на Законот за слобода на вероисповедта, соопштија од кабинетото на претседателот. При донесувањето на одлуката Ѓукановиќ се повика на членот 94 став 1 од Уставот.
Odluka predsjednika Crne Gore Mila Đukanovića, da vrati nekoliko zakona koji su usvojeni na sjednici Skupštine 29. decembra 2020, na ponovno odlučivanje, najbolje pokazuje kako proces kohabitacije funkcioniše u praksi. 1/3 pic.twitter.com/5ovyqwrmuF
— Zdravko Krivokapić (@profKrivokapic) January 2, 2021
„Одлуката на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, да врати неколку закони кои се усвоени на седницата на Собранието на 29 декември 2020 година, на повторно одлучување, најдобро покажува како процесот на кохабитација функционира во пракса. Освен што го крши Уставот, законите на оваа земја, Ѓукановиќ си игра со граѓаните, нивниот имот и правата кои произлегуваат од Уставот“, наведува Кривокапиќ.
Додаде и дека со ударот на банкарскиот сектор и малите стопанственици „претседателот на Црна Гора порачува дека не му е грижа за државата доколку тој самиот не е нејзин сопственик“, заклучува Кривокапиќ.
Извор: Вијести.ме
Ѓукановиќ ги врати законите на повторно разгледување во Собранието