Кривична заработија момчињата кои се изживуваа врз нивниот цимер

Полициската станица Кавадарци до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 18, 17 и 16-годишник, кои на 14 овој месец извршиле насилство врз цимерот со кој заедно живееле во Кавадарци, каде што се школувале.

Ова за МИА го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Претходно, од Државниот просветен инспекторат потврдија за МИА дека бил извршен инспекциски надзор во Државниот ученички дом „Крсте Петков Мисирков” Кавадарци и направен е записник. Утврдено е дека постоел одреден инцидент и врз основа на наводите во записникот му се предлага на одговорното лице во ученичкиот дом да превземе соодветни мерки заради утврдување на фактичката состојба и доколку се утврди вина да се превземат соодветни мерки согласно Законот за ученички стандард.

– Утврдувањето на фактичката состојба не е во наша надлежност, тоа го врши Министерството за внатрешни работи, рекоа од Инспекторатот.

Случајот во полиција го пријавил таткото на малтретираното момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот