Кривична пријава за скопјанец кој бесправно започнал со доградба на објект кај плоштадот „Скендер бег”

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.E. (67) од Скопје за сторено кривично дело „бесправна градба” од чл.244 а, од КЗ на РСМ.

Како што соопшти денеска МВР, пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да започне со доградба и надградба на објект согласно чл.63 ст.1 од Законот за градење потребно е да поседува одобрение за градење од територијално надлежната општина, во случајот општина Чаир, сепак, без да поседува такво одобрение започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад „Скендер бег”.

-А.Е. постапил спротивно на чл.56 ст 1 од Законот за градење, со што го сторил кривичното дело „бесправна градба” по чл.244-а, во кое што е наведено дека „тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган е всушност сторител на горенаведеното кривично дело и ќе се казни согласно пропишаниот закон”, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот