Кривична пријава за шест лица кои превезувале мигранти во Унгарија и Бугарија

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица за сторено кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2 на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија, соопштија денеска од МВР.

Кривична пријава е поднесена против Ц.Н. (23), А.М. (23), И.Б. (20), тројцата од Охрид, како и против А.С. (23), Ф.З. (21), двајцата од Кратово и Б.Д. (25) од Куманово.

– Во временски период од август 2021 година до мај 2023 година, со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, сега кривично пријавените, како дел од меѓународна криминална група организирана од лица за кои веќе е поднесена кривична пријава, биле ангажирани во улога на лица кои го вршеле прифаќањето и превезувањето на лицата-илегални мигранти на територија на Р.Бугарија и Р.Унгарија. На кривично пријавените за успешно извршено криумчарење на мигранти им била исплаќана парична надокнада во висина од 1000-3000 евра, во зависност од земјата во која требало да го вршат прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот