Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево Трајковски, за тендер од пред шест години
Актуелниот градоначалник на Делчево, Горан Трајковски, доби кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
Препорачано
Според информациите од полицијата, случајот се однесува на јавна набавка што ја спровела Општина Делчево во 2019 година, при што пријавениот наводно ги пречекорил своите службени овластувања, со што на приватна фирма ѝ овозможил противправна имотна корист.
„Пријавениот на 11.04.2019 година склучил договор за јавна набавка на резервни делови, прибори и масла за возниот парк на општината, иако во спецификацијата била понудена цена која била 16 пати пониска од другите понудувачи. Наместо да побара појаснување или да го поништи огласот, тој го склучил договорот, овозможувајќи му на правното лице да добие финансиска корист“, наведуваат од полицијата.
По склучувањето на договорот, наместо да се набават резервни делови по договорените ниски цени, биле набавени други стоки по значително повисоки цени од оние што ги понудиле конкурентните компании. Со ова, според истрагата, општината била оштетена за 222.760 денари.
Полицијата информира дека случајот е предаден на надлежните органи и понатамошната постапка е во тек.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
18мин
-
32мин
-
35мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5