
Кристина го тужи Бред Пит бидејќи „и ветил дека ќе ја ожени“, а потоа и украл 40.000 долари
Една госпоѓа од Америка најверојатно била предмет на интернет измама со познати личности…
Препорачано
Жена која не и е позната на јавноста, Кристина Кели, го тужеше холивудскиот актер Бред Пит (56) бидејќи наводно ја измамил за 40.000 долари.
Имено, таа тврди дека Бред ја измамил така што тој и ветил дека ќе се венча со неа, а потоа исчезнал со 40.000 долари кои таа му ги уплатила.
Актерот негираше дека некогаш контактирал со жената која сега го тужи и негираше дека никогаш не и ветил дека ќе се ожени со неа, а особено негираше дека од неа земал пари.
Ѕвездата вели дека воопшто не ја ни познава Кристина Кели, која го тужеше за 100.000 долари и која тврди дека Оскаровецот ја контактирал за да му помогне во собирањето на пари за неговата фондација „Make it Right“ која имала за цел да обнови 150 куќи во Њу Орлеанс.

Таа тврди дека на актерот, кој е „тежок“ околу 300 милиони долари, му испратила 40.000 долари за тој пет пати да се појави на случувањата која таа ги организирала со цел да собере пари за неговата непрофитна организација во 2018 година.
Кристина тврди дека актерот избегнувал да се појави во последен момент и дека ветувал дека следниот пат ќе биде таму.
Извори тврдат дека Кристина била жртва на онлајн измама со славни личности:
– Ова е тажен случај за некој кој бил жртва на интернет измамите со познати личности, која нема никаква врска со реалната славна личност. Се надеваме дека другите ќе можат да научат нешто од оваа несреќна ситуација, изјави изворот.

Во правното барање за отфрлање на случајот, Пит нагласил дека никогаш немал било каква комуникација со Кристина и изјавил дека никогаш од неа не побарал никакви пари, ниту пак било кој друг го овластил да го направи тоа.
Кристина очигледно била во контакт со едно или повеќе лица кои незаконски се претставувале како славниот актер, но на ниту било каков начин не биле поврзани со него, туку само сакале преку измама да и земат пари.