фото: EPA/Liselotte Sabroe

Кристијан Ериксен ја продолжува кариерата во Волфсбург

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Кристијан Ериксен (33), наскоро ќе го облече дресот на Волфсбург. Според извештаите, тој веќе заминал за Германија за да го комплетира договорот.

Данскиот играч од средниот ред доаѓа во германскиот клуб како слободен агент откако го напушти Олд Трафорд по истекот на договорот. Бундеслигашот започна преговори со Ериксен во јуни и двете страни на крајот постигнаа договор.

Ериксен последен пат играше на пријателскиот натпревар на Данска против Литванија на 10 јуни и не беше повикан во репрезентацијата за последните квалификациски натпревари за Светското првенство.

За да остане во форма додека не најде нов клупски ангажман, тој тренираше со Малме.

Волфсбург ќе биде шестиот клуб во кариерата на Ериксен во сениорскиот фудбал, претходно играше и за Ајакс, Тотенхем, Интер и Брентфорд. Ги бранеше боите на Манчестер јунајтед од 2022 година и во тој период одигра 107 натпревари и запиша осум гола и 19 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот