Крилото на Таравари го обвинува Села за повреда на статутот на партијата и за фалсификување потписи на собранието

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Крилото на претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари на прес-конференција обвини дека претседателот на Собранието на партијата Зијадин Села во неколку наврати го прекршил статутот на партијата, што преставува кривично дело.

Како што истакна поранешниот министер за информатичко општество Азир Алиу,  не само што Села незаконски го свикал Собранието на партијата, туку и инцијативата за разрешување на Таравари не е согласно статутот на партијата.

– Претседателот на партијата Таравари не е консултиран воопшто во врска со дневниот ред на седницата на Собранието. Иницијативата за разрешување на претседателот на партијата треба да се базира на принципите на член 50 од Статутот во кој стои дека „претседателот на партијата се разрешува во овие случаи: 1. Тешки повреди на статутот и партиската програма; 2. Ако се казнува со казна затвор за извршување на кривично дело; 3. Во случај на поднесување на оставка; и 4. Во случај кога неговото здравје го спречува да ја извршува својата функција“. Од ова, констатираме дека член 50 е прекршен од страна на претседателот на Собранието со поднесувањето иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, без да се констатира причината за ова иницијатива за разрешување, од одговорниот орган, статутарната комисија. Имајќи во предвид фактот дека 75 членови на Собранието се потпишувале на декларацијата за поддршка на Претседателот на партијата Таравари и според нашите сознанија, од овие 75 потписници, само еден член на Собранието, Беким Поцеста присуствувал на седницата на Собранието (и гласал против иницијативата за разрешување), може да се констатира дека максималниот број на легитимни членови, присутни на оваа седница не може да биде поголем од 69 членови, изјави Алиу.

Тој додаде дека се направени и кривични дела, а за тоа ќе има одговорност.

– Групата од незадоволните наши сопартијци на секој чекор и со секоја нивна постапка го кршат статутот на партијата. За жал имаме документирано некои случаи на фалсификување на потписи, а имаме и други сознанија за кои ке бидете дополнително известени по нивно документирање. Ние уште во оваа фаза уште собираме податоци. Дел од тие податоци и информации веќе ги презентиравме, очекуваме правниците да преземат активности од наредната недела, вели Алиу,

Според него, печатите на партијата се кај Таравари, но тоа во моментот е најмалку важно оти зад Таравари веќе се застанати и членството и симпатизерите на Алијанса за Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот