Крешова: Жената трпи секаков вид насилство поради економска зависност од мажот-насилник

Панел дискузија за правата на жената/Фото: Слободен печат

Се почесто во полошкиот регион жените го трпат таканареченото економско насилство, односно зависноста на жената од платата, парите и имотот кој го поседува нејзиниот сопруг.

Таквата економски зависна жена најчесто е принудена да ги трпи другите видови насилство, вербално, физичко и сексуално, вели Џане Крешова од невладината организација Форум на жени.

„Економската состојба на жената е многу важна. Во судско рочиште на пример жената може да се предомисли да ја повлече тужбата оти нема кај да се врати, треба пак кај насилникот да се врати во домот кој е на негово име. Проблем е дека немаме Шелтер центар во Тетово, таму жената барем додека не најде државата услови да може да живее привремено. Значи добрите економски услови се прв услов таа да не трпи насилство“, вели Џане Крешова од Форумот на жени.

Има четири вида на насилство, психичко, физичко ,сексуално и економско насилство. Кај нас е најчесто застапено психичкото насилство, кое е условено повторно од економската зависност на жената од мажот.

„Лошо е што тоа е прикриено насилство, не се пријавува, додека во последно време физичкото насилство се пријавува. Добар знак е што тоа насилство се почесто го пријавуваат и жените-Албанки.Но, проблем е што тие го пријавуваат, но потоа се повлекуваат дека нема каде да се вратат, пак се враќаат кај насилникот во неговиот дом. Но, морам да кажам дека има промена што се однесува на положба на жените, таа најпрвин започна со промена на повеќепартискиот систем оттогаш се отворија и невладини организации кои работаа во правец на поголема застапеност на жената. Добро е што во овој регион започна да се разговара за семејното насилство, што беше таму тема во деведесетите. Во прв ред девојчињата започнаа да се школуваат и се будеше свеста за рамноправност. Но, тука сакам да истакна дека 8 март треба да се слави со дебата, зошто да славиме во ресторан, треба да се бориме во правец на подигнување на свеста на жената“, изјави Крешова.

Таа беше присутна на Панел-дискусијата на тема „Рамноправноста на жената во тетовско“, која се организираше во Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово.

„Јас ги претставувам жените од Фондот за здравство. Ние ќе се осврнеме на тоа колкав процент имаме жени. Ние се бориме за еднаквост и солидарност, ние во фондот сме половина од вработените-жени. Треба повеќе да се залагаме, ние треба да се бориме да бидеме застапени во сите свери од општествениот живот“, рече Јулијана Атанасовска Исајловска од Фондот за здравство подрачно одделение Тетово.

„По повод 8 март ние решивме да го организираме овој настан за да ја подигнеме свеста за поголеми права на жената. Се работи за Панел-дискусија за правата на жената. Ние во Центарот за култура имаме 40 % вработени-жени, но се работи на тоа што повеќе жени да се на раководни функции“, рече директорот на Центарот за култура Иљо Антески Смок Тетово Вулнет Фејзулахи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот