
Крај на шпекулациите: Портпаролот на Кијану Ривс откри дали актерот навистина се оженил
Откако на социјалните мрежи се проширија гласини дека Кијану Ривс се оженил со својата долгогодишна партнерка Александра Грант, неговиот претставник за медиуми се огласи за да ја разјасни ситуацијата, пренесува „Е! Њуз“ (E! News).
Препорачано
Познатиот актер и уметницата се во врска од 2018 година, а приватниот живот најчесто го кријат од јавноста. Сè започна кога страница посветена на актерот минатата недела објави информации за нивната свадба, дури и наведувајќи наводни детали од самата церемонија.
Сепак, публицистот на Кијану сега ги негираше тврдењата во кратка и јасна изјава за E! News. „Тоа не е вистина“, рече тој. „Тие не се во брак.“
Иако немаше свадба, Кијану и Александра сѐ уште се во среќна врска, што го потврдува и нејзината трогателна честитка за роденден до актерот објавена пред само две недели.
Александра објави на 3 септември: „Ви благодарам на сите што му испративте убави желби за роденденот на Кијану вчера… одлично го прослави! Како што многумина од вас знаат, Кијану не е на ниедна платформа на социјалните медиуми и не гледа објави или мемиња освен ако некој не му ги посочи. Доколку вие, или некој што го познавате, е експлоатиран онлајн од некој што се преправа дека е Кијану, ве молиме побарајте помош од платформата на социјалните медиуми или од вашата локална полиција.“
„И Кијану, многу сум благодарна за твојата љубов и партнерство. Сега да се вратиме на сликањето! xo“, додаде таа.
Се ожени Кијану Ривс: Актерот и Александра се заколнале на вечна љубов во еден европски град