Фото: FIBA

Крај и за БиХ на Евробаскетот: Полска закажа четвртфинале со Турција

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши настапот на Европското првенство, откако во осминафиналниот дуел денеска беше поразена од Полска со резултат 80-72.

Избраниците на БиХ го отворија мечот одлично и првата четвртина ја добија со 23-14. Полјаците возвратија во вториот период, но на паузата сепак БиХ замина со предност од 44-40. Сепак, во продолжението сликата на теренот се смени, Полска презеде иницијатива, го сврте резултатот и до самиот крај ја контролираше играта за конечна победа.

Клучна фигура во триумфот на Полјаците беше Лојд со 28 поени, а блесна и Понитка кој запиша 19 поени и 11 скокови. Кај БиХ најефикасен беше Јусуф Нуркиќ со 20 поени.

Со овој триумф Полска обезбеди место во четвртфиналето, каде ќе се сретне со селекцијата на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот