Лазо Костовски, претседател на Независниот синдикат на Геријатрија/ Фото: МИА

Костовски: Криминални договори во здравството – за 20.175 денари дежураат и саботи и недели!

Здравствените работници од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје бараат повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток за сите без разлика на работното место и промена на колективните договори.

Претседателот на Независен синдикат на геријатрија, Лазо Костовски вели дека ниедна влада нема слух за проблемите во здравството.

– Не само оваа влада, туку и наназад. Здравството пропаѓа, тоне. Првите наши барања, основни, се покачување на платите линеарно за сите вработени. Сакаме да се променат колективните договори. Особено општиот колективен договор, воопшто не е добар. Затоа што не е направено усогласување на  колективниот договор со Законот за минимална плата. Треба да се направат измени и во Законот за минимална плата и во Општиот колективен договор. Договорците на дело во овој момент страдаат повеќе затоа што доаѓаат на работа и саботи и недели и празници, работат за 20.175 денари, колку што е минималната плата. Тие се криминални договори, рече Костовски.

Тој кажа дека условите за работа се катастрофални во некои здравствени установи, а апелираше и да се распишат огласи за нови вработувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот