Косовски аналитичар: Потписот на Украина не значи дека таа брзо ќе го признае Косово

косово
Image: 333666674, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Natanael Natanael Alfredo Nemanita Ginting / Alamy / Alamy / Profimedia

Потписот на Олександр Мережко, претседателот на Комисијата за надворешни работи во украинскиот парламент, во писмото упатено до Европската унија, САД и Велика Британија, не значи дека Киев брзо ќе го признае Косово, смета политичкиот аналитичар Мељазим Коци, известува Теве 1.
Како што рече Кочи, ова е само еден чекор во таа насока. Тој смета дека писмото морале да го поддржат и Словачка, Грција, Шпанија и Романија.

„Кога тоа го прави земја која е во страшна војна со Русија, тогаш навистина е скандалозно писмото да го отфрлат Словачка, Шпанија, Грција и Романија, бидејќи тоа се земји кои се заштитени од НАТО, тие се наоѓаат во геополитичката зона на НАТО, што значи дека ги уживаат привилегиите да бидат безбедни од секој можен напад, но не постапуваат во согласност со геополитичките интереси на НАТО и тоа е за жалење“, изјави Кочи.

Според него, писмото било упатено до претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Џузепе Борељ, како „притисок врз нивниот многу ригиден, некоректен однос“.

„Не знам дали, порано или подоцна, ќе ја поправат таа позиција, но ако тоа не се случи, мислам дека оваа иницијатива сигнализира нов развој на овој дел од евроатлантската заедница во однос на Косово. додаде Кочи.

Кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, тој оцени дека одложувањето на тој процес и одговара на Србија.

„Кога почна дијалогот, Србија излезе со теза – стоп со признавањето, затоа што водиме дијалог. Ним им одговара да го продолжат дијалогот додека не го исцрпат Косово, но оваа логика наскоро ќе заврши. Ако не со иницијатива на други, тогаш тоа треба да го направи Косово, со своја теза – дека е подготвен да го исполни француско-германскиот договор, но не и да води бесконечен дијалог со Србија, без признавање на повидок“, рече Кочи.

За изборите во четирите општини на север оцени дека најдобар начин за нивно остварување ќе биде оставка на актуелните градоначалници, но посочи и дека српскиот бојкот може да се повтори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот