Косовската полиција запленила шверцувани суплементи од Македонија

лекови

Косовската полиција привела лице во Витина поради сомнение дека шверцувал суплементи од Македонија, објави Коссев.

Од КП прецизираат дека во соработка со косовската царина, а по добиени информации, идентификувале и уапсиле лице од Косово со иницијали Р.Т., кој е осомничен за шверц на суплементи од Македонија по „нелегални патишта“.

По претресот на возилото, пронајдени и одземени се 43 протеински пакувања од различни видови со тежина од околу 210 килограми, кои немале пропратна документација. Пазарната вредност на оваа стока е околу 18.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот