Косово бара од ЕУ да не одобри безвизен режим на косовските Срби со српски пасоши

Косово граница / Фото Архива

Владата на Косово бара од земјите членки на ЕУ да го отфрлат предлогот на Европската комисија, според кој косовските Срби со пасоши издадени од Директоратот за координација на Србија можат да влезат во Унијата без визи, пишува денеска бриселскиот портал Политико.

Според сегашните прописи, сопоственици на пасоши од 61 земја можат да влезат во ЕУ без виза и да останат на нејзина територија до 90 дена. Меѓу нив има и државјани со српски пасоши, освен оние што им ги издава Координативната управа на Србија на косовските Срби. Европската комисија предложи да се отстрани таа клаузула, пренесе Бета.

Во писмото од Владата на Косово, кое го видела новинарката на Политика, Антоанета Руси, пишува дека предлогот на Европската комисија е „во директна спротивност со принципите на суверенитет, правен интегритет и напорите за нормализација“, пренесе Бета.

Во ноември, Европската комисија предложи укинување на визите за влез во ЕУ за жителите на Косово со пасоши издадени од Директоратот за координација на Србија, но Европскиот совет и Европскиот парламент се уште не се огласија за тоа.

Сопстениците на косовски пасоши од почетокот на оваа година можат да влезат во ЕУ без визи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот