Кошаркарите на ТФТ славеа во дербито над битолски Пелистер

фото: kfsm.mk

Денеска во дербито од 18 коло во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на ТФТ Моцарт триумфираше против Пелистер со 77:66. Двата тима сега се израмнети со скор 12-6.

Екипата од Битола ја доби првата четвртина, беше подобар противник, но ја заврши истата со само три поени предност (22:19). ТФТ заигра далеку подобро од стартот на втората четвртина во која која се водеше израмнета битка, и во која домашните успеаја да го свртат резултатот во своја корист. Макар и со минимална предност (34:33).

Домаќините изненадија со одлична одбрана на стартот од третиот период, Пелистер постигна само еден поен во првите пет минути од тој дел од играта, а ТФТ го искористи тоа за резултатски да се одлепи. Гостите за момент намалија на 42:39. Но, следуваше нова серија на домашниот состав кој во последните 10 минути влезе со сосема добра предност од осум поени (51:43).

Поените на Зафиров, го донесоа и првото двоцифрено водство за ТФТ (56:46), предност што избраниците на тренерот Боро Смилковски ја задржаа до самиот крај.

Луис со 17 поени беше најефикасен кај ТФТ, Хотон постигна 13 поени против својот поранешен клуб, Ташовски даде 12, а Николов уште 11 поени за победничкиот состав. Најдобар кај Пелистер беше Планиниќ со „дабл-дабл“ од 21 поен и 14 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот