Кошаркарите до 20 години поразени во вториот натпревар од Црна Гора

Фото: КФСМ

Нашата машка селекција „Под 20“ години загуби од Црна Гора во вториот контролен натпревар одигран денеска во Подгорица.

На крајот и преубедливо изгледаат оние (91:57) во натпревар во кој нашиот стручен штаб одлучи да направи неколку промени, а на трибините да го остави и нашиот главен адут во играта во рекетот, Теодор Симиќ.

За разлика од првата „контрола“, на оваа не најдовме одговор за добрата игра на противникот од самиот почеток.

Црногорците рано поведоа со (12:5), а првата четвртина ја затворија со двоцифрен плус (25:13). Во исто темпо продолжија и во втората во која никако не успевавме да најдеме противигра за расположениот домашен тим, кој на полувремето имаше веќе и недостижен плус од (50:23).

Имаа Црногорците и „вишок“ од 35 поени (67:32), но до крајот на третиот период анулиравме само дел од високата негатива (42:71).

Во нашата селекција немаше ниту еден играч кој ја надмина бројката од десет и повеќе поени. Резарт Мемед реализаше девет (постигна три тројки од дветте тимски). Седум поени постигна Јовановиќ, а по шест имаа Митревски, Петков и Блажевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот