Фото: Pexels

Неверојани трикови за успешно готвење: Како да сварите жилаво месо, како да го похувате…

Во кујната ако сте млада домаќинка, сигурно се соочувате со ситуации кога добредојден е каков било совет што ќе ви ја олесни работата. Овие совети се лесни за следење и не бараат големи кулинарски способности.

Дали знаете дека месото кое е жилаво можете да го омекнете ако во водата додадете 2-3 лажици оцет. Месото од постари животни ќе омекне ако пред готвење го потопите во смеса од оцет и масло. За сите што сакаат да ги совладаат финесите за готвење, еве уште неколку интереси совети.

Како да одмрзнете месо?

Кога месото се одмрзнува полека, тоа помалку ги губи хранливите материи. Најдобро е да го одмрзнувате во фрижидер, ставајќи го месото во покриен сад или чинија. Така ледените кристали се топат полека и дел од влагата се апсорбира од страна на мускулните влакна, кои во голем степен ги опоравуваат своите особини. Ако е потребно брзо одмрзнување, месото оставете го на собна температура 2-3 часа. Избегнувајте одмрзнување со топла вода или на топло место.

Како да ги сочувате бојата и витамините во зеленчукот?

Овенатиот зеленчук потопете го во вода во која сте додале оцет или сол или лимонов сок. Потоа, оставете го да се исцеди или да стои во затворен сад. Исечканиот зеленчук ќе ја сочува својата боја ако при варење во водата ставите прстофат сода бикарбона. Зеленчукот секогаш треба да го чувате на темно, затоа што на светлина добива горчлив вкус, а компирите позеленуваат.

Компирите секогаш варете ги лупени во посолена вода и задолжително на тивко, во покриен сад. Варениот компир ќе биде повкусен ако во водата додадете 3-4 чешниња лук или некој зачин. Друг трик, ако варите постари компири, е во водата да додадете малку оцет. Тоа ќе им даде поубав вкус и нема да се разварат. За да не бидат тврди и суви, пржените компири посолете ги откако ќе ги извадите од мрснотијата. Свежиот компир полесно ќе го излупите ако го потопите во посолена вода.

Како да сварите жилаво месо?

Месото ќе омекне ако во водата додадете 2-3 лажици оцет, а ако е од постаро животно потопете го неколку часа во мешавина од масло и оцет.

Секое месо ќе добие златна боја и ќе биде покрцкаво, ако при печење го посипете со малку оцет. Кога печете парче месо, треба да го покриете дното на садот со тенки парченца сланина и над нив да го ставите месото. Така нема да загори долу, а ќе добие поубав вкус од сланината која се топи при печењето.

Како правилно да похувате месо?

Ако при похување на месото го посипете со зачини, слојот од лебни трошки нема да се одвои. Ако додадете малку масло во матените јајца за похување, слојот од смеса за похување исто така нема да се одвои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот