Кордалов за СП: Владата секогаш треба да реагира на „северномакедонци“

Владата и Министерството за надворешни работи засега не реагираат на провокативниот говор на лидерот на Има таков народ Слави Трифонов кој е коалициски партнер во бугарската влада кој редовно ги ословува Македонците со навредливиот израз „северномакедонци“, како што е и случајот деновиве кога преку статус на Фејсбук им понуди „пазар“ на САД и на ЕУ да ги укинат визите за Бугарите во замена на тргање на ветото за македонските преговори со ЕУ.

Според комуникологот Бојан Кордалов, Владата треба да формира служба која ќе реагира секогаш кога каде било во светот ќе се употребат зборовите „северномакедонци“ и „северномакедонски“.

– Овој говор на Слави Трифонов со сигурност е грешка, погрешно толкување на Преспанскиот договор, според кој ние сме Македонци, граѓани на Република Северна Македонија и секое поинакво ословување е грешка. Е сега комуникациски, со тоа „пардон“ што го користи Трифонов пред да каже „Северномакедонци“ очигледно сака да постигне нешто со тоа истакнување. Но, што и да сака тој лично да постигне, суштината е дека нема подобар начин од позитивниот начин на комуникација доколку се сака да се реши некаков спор. Според тоа, имаме две можности – ако сакаме соработка со Бугарија и заедничка иднина со европски вредности, тогаш мора да го градиме тоа заедништво со позитивен наратив, а ако користиме негативен говор, проблемот само ќе се продлаболува, а решението ќе биде се подалечно – вели Кордалов за „Слободен печат“.

Според него, балканштината во регионот ќе се победи со професионализам.

– За употребата на именката „северномакедонци“ и придавката „северномакедонски“, колку што сум запознаен од медимите Владата досега реагирала на такви случаи во Германија, во Португалија итн. Но, важно е да се развие една служба која на организирано, институционално ниво ќе реагира на ваквите примери. Имаме Преспански договор кој е внесен во Обединетите нации, има меѓународно право, па таа служба треба да реагира на секоја грешка во ословувањето и употребата на придавката, без разлика дали е намерна или неманемрна. Таа служба во ова време на дигитализација која, ако треба ќе ги следи сите светски медиуми и портали и добронбамерно ќе реагира на погрешната употреба на зборовите со кои се атрибуира нашиот идентитет. Треба ние да почнеме да реагираме на тоа, треба да се гради свест. Со професионалноста ние реално ќе го одбраниме напшиот идентитет, ќе стегнеме углед и почит. Ако сакаме да сме Европјани, треба да почнеме да се однесуваме европски – вели Кордалов.

По реакциите во бугарската јавност кои се движеа од тоа дека Трифонов ги уценува САД, до тоа дека е подготвен да ги жртвува бугарските интереси и да направи отстапки кон Македонците за некакви визи, Трифонов во нова објава на Фејсбук упати „дообјаснување“ дека „РС Македонија задолжително треба да ги исполни сите точки од Договорот за пријателство, а `Северномакедонците` да си ги признаат историските бугарски корени.

Трифонов: Северномакедонците да ги признаат своите историски бугарски корени, за тој услов не може да се преговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот