Кордалов: Отчетот мора да биде форма на секој функционер кој троши пари на граѓаните

Комуниологот Бојан Кордалов смета дека негативно за сите политички актери е што не созреале самите да направат отчетна компетентна за сработеното, туку постојано си наоѓаат теми за да се испокараат. Тој додава дека граѓаните се тие кои одлучуваат која партија е подобра.

-Како да не веруваат дека граѓаните ќе расудуваат кој е подобар.  Не се водат од тоа дека граѓаните се свесни, туку дека ако 1.000 пати повторите една теза дека граѓаните ќе им веруваат. Позитивно е тоа што има отчетност. Но отчетот не припаѓа на една партија туку е форма на секоја добра политичка комуникација и добро владеење и мора да биде форма за секој функционер кој троши пари на граѓаните собрани од даноци. Во следните до две години ако парламентарните избори се оддржат во редовниот термин и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да им докажат на граѓаните дека повеќе заслужуваат да го предводат следниот мандат на извршната власт. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да докажат дека обвинувањата од СДСМ дека наводно се враќа режимот и старите пракси од минатото се неточни. Од друга страна, централната власт предводена од СДСМ и коалицијата треба да докажат дека обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека се неспособни и неефикасни се неточни.  Наместо да се караат кој е подобар или уште пострашно да се докажуваат кој е поголемото зло, односно кој е полош, треба јасно да ги изложат приоритетите, остварените ветувања и да ги вклучат на граѓаните во процесите на одлучување преку нивни сугестии и предлози – вели Кордалов.

ВИДЕО | Милевски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се китат со туѓи перја, проектите кои сега ги промовираат ги обезбедија нивните претходници и Владата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот