Контрола на штетните емисии во дрвниот комбинат „Фагус” во Пехчево

Државниот инспекторат за животна средина по претставка од граѓани извршил надзор врз инсталацијата „Фагус” во Пехчево, при што утврдил дека двете котлари што согоруваат отпаден дрвен материјал од технолошкиот процес потенцијално емитираат прашина и штетни гасови и дека досега, спротивно на обврските утврдени со одобрениот Елаборат за заштита на животната средина, не се вршени мерења од акредитирана лабораторија.

Од Инспекторатот потенцираат дека откако посочениот субјект ќе ги преземе мерките за заштита на животната средина, редовен надзор ќе треба да прави овластен општински инспектор. 

– На ден 26 јануари 2021 година, инсталацијата „Фагус” беше предмет на надзор по претставка на граѓани. Утврдено беше дека двете котлари што согоруваат отпаден дрвен материјал од технолошкиот процес потенцијално емитираат прашина и штетни гасови и дека досега, спротивно на обврските утврдени со одобрениот Елаборат за заштита на животната средина, не се вршени мерења од акредитирана лабораторија. За да се спречат емисиите во воздухот, ќе се спроведат соодветни мерења во присуство на надлежен инспектор и доколку има надминувања, ќе се утврдат потребните мерки.  Постапувањето со отпадот на локацијата исто така треба да се подобри, се вели во соопштението од ДИЖС. 

Надзорот на оваа инсталација, велат од Инспекторатот, не е нивна надлежност, но, како што посочуваат, се вклучуваат заради недоволно постапување од овластен општински инспектор.

 Откако субјектот ќе ги спроведе мерките за заштита на животната средина, надлежен општински инспектор ќе мора да продолжи да врши редовен надзор, се додава во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот