Фото: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Конференциска лига: Јевтоски на мегдан со Базел, Хусмани и Саитоски против Розенборг

Денеска со жрепка во Нион беа одредени двојките во плеј-офот на новоформираната Конференциска лига во која настапуваат и голем број на македонскии интернационалци, после елиминацијата на нашите клубови.

Албанската екипа Теута на Боби Целески, Благоја Тодоровски и Христијан Драгарски доколку во третото квалификациско коло го елиминираат ирскиот Шамрок Роверс, во плеј-офот ќе се соочат со победникот од дуелот Омонија (Кипар)-Флора Талин (Естонија).

Кипарскиот АЕЛ Лимасол на Давор Здравковски и Кире Ристевски доколку бидат подобри во двомечот со Карабах (Азербејџан), последна пречка на патот кон групите ќе им биде подобриот од Бреидаблик (Исланд)-Абердин (Шкотска).

Унгарскиот Ујпешт на Стефан Јевтоски доколку направи изненадување против Базел (Швајцарија), во следната фаза ќе се соочи со Чукарички (Србија) или Хамарби (Шведска).

Словенечкиот Домжале на Емир Саитоски и Зени Хусмани доколку слават против норвешкиот Розенборг, во плеј-офот ќе налетат на францускиот Рен.

Натпреварите од плеј-офот во Конференциската лига ќе се играат на 19 и 26 август.

Башким Велија (Лачи, Албанија)
Лачи/Андерлехт – Витесе/Дандалк

Давид Атанаскоски (Шахтер Караганди, Казахстан), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка)
Колос Коваливка/Шахтер Караганди – Спартак Трнава/Макаби Тел Авив

Дарко Велковски (Риека, Хрватска)
Бохемијамс/ПАОК – Хибернианс/Риека

Алекса Амановиќ (Тобол, Казахстан), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка)
Јаблонец/Селтик – Тобол/Жилина

Зеќирија Рамадани, тренер (Приштина, Косово)
Мура/Жалгирис Вилнус – Приштина/Бодо Глимт

Можна пресметка во плеј-офот за ЛШ, Црвена звезда против Динамо Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот