КОНЕЧЕН ОДГОВОР: Дали пилулите за контрацепција дебелеат?

контрацепција

Многу девојки и жени кои користеле орална контрацепција потоа пријавиле дека во тој период покачиле телесна тежина.

Некои од нив со години се мачат да ги симнат тие килограми, но ништо не им помага.

Сепак, во основа, се работи за еден широко распространет мит – денешните контрацептивни пилули не дебелеат, а доколку тоа се случи, тогаш проблемот лежи во нешто сосема друго.

Имено, секоја орална контрацепција поминува низ строги контроли и тестови. Доколку дојде до таков несакан ефект, тоа значи дека терапијата мора да се замени со друга, односно не треба да се чека организмот да се „навикне“, а уште помалку да се прекинува на своја рака.

Затоа, секоја девојка и жена, мораат веднаш да ги пријават несаканите ефекти кај својот матичен гинеколог. Дебелеењето значи дека дозата не е соодветна, или пак воопшто целата терапија, па затоа мора да се реагира навреме и да се спречи натамошно оштетување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот