Кон: Државата да сфати дека нема повеќе време

Предраг Кон /Фото: МИА

Српскиот епидемиолог Предраг Кон денеска по повод моменталната епидемиолошка состојба во Србија оцени дека државата „мора да разбере дека нема повеќе време“ и дека секој поеднец „мора ја да избегне инфекцијата“, пренесе Бета.рс.

Членот на владиниот кризен штаб за сузбивање на епидемијата со коронавирусот на Фејсбук напиша дека здравствените работници мора да издржат во услови на постојан раст на бројот на новозаболени.

-Што може државата да стори? Да разбере дека нема повеќе време … Што може да направи секој поединец? Да ја избегне инфекцијата … Што можат да сторат здравствените работници? Да издржат … Мораме да го забавиме вирусот, вели Кон.

Тој претходно изјави дека Кризниот штаб предложи нови мерки, вклучително ограничување на работата на угостителските објекти до 18 часот во следните две недели и обврска за носење маска на отворено во пешачките зони, додека министерот за здравство Златибор Лончар вчера објави дека мерките ќе бидат усвоени за еден до два дена.

Извор: Бета.рс

Поразителен рекорд на Србија, близу 4 илјади заразени со ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот