Фото: Слободен печат

Колку години има Дедо Мраз, што велат ѕвездите за 2025 година, како се снима емисијата „Слободен печат“ и како политичарите честитаат Нова година? Утре во „Слободен печат“

Знаете ли колку години има Дедо Мраз и каде е Баба Мразица пред дочекот на Новата година? Но и кој му помага за подготовка на пакетчињата? Гледајте го ексклузивното интервју со Дедо Мраз за „Слободен печат“.
Како е украсено Скопје, а како Виена? Има ли сличности или разликите се драстични, проценете сами.

Кој каде ќе ја прославува Новата година? Дали на дневна забава или ќе се оди на вечерна журка? И дали се реални цените за прославата? Одговорите во анкетата – Каде за Нова година?
Која е најслушана песна на радио за годината што изминува? Како се снима емисијата „Слободен печат“. Оди ли се како подмачкано и какви грешки прават новинарите?
Што велат ѕвездите за 2025 година, гледајте во интервјуто со астрологот Симеон Атанасоски.

Некогашниот македонски премиер Никола Груевски, новинарот Васко Ефтов, пратеникот Димитар Апасиев, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, српскиот претседател Александар Вучиќ… дел од овие луѓе биле во студиото на „Слободен печат“, но овој пат нивните ликови ни ги доловува најдобриот меѓу имитаторите, актерот Жарко Јовановиќ.

И за крај честитки за Нова година од нашите гости, политичари, министри, колеги, лекари, професори, политиколози…

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро. Се гледаме во Новата 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот