Фото: Пекселс/roman-pohorecki

Колку често треба да ги переме зимските јакни? Експертите го имаат одговорот

Зимските јакни не ги носиме долго, па често мислиме дека се сѐ уште чисти од минатата сезона, но колку често навистина треба да се перат јакните?

Новото истражување на „Џулс“ (Joules) открива дека еден од пет луѓе ги перат своите зимски јакни еднаш годишно, а 17 отсто признале дека никогаш не ги перат зимските јакни, пишува „Њујорк пост“.

Експертот за перење алишта Сара Демпси вели дека можеби не мора редовно да ги ставате јакните во машината за перење, но и тие се валкаат, иако не доаѓаат во контакт со вашата кожа.

„Сепак, јакните ја собираат целата нечистотија однадвор“, рече таа за „Пост“.

Зимските јакни треба да се чистат барем еднаш во студената сезона. Сите јакни служат за слична намена, но се најдобри за различни сценарија, кои можеби бараат повеќе одржување од другите.

„Перењето на јакните зависи од неколку фактори, вклучувајќи го материјалот, бојата, содржината на влакна, колку често ги носите и како се чувале од последниот пат кога сте ги носеле“, изјавила Демпси.

Волнените капути треба да се чистат само еднаш во сезона, според Демпси. И не е важно дали ќе го направите тоа кога ќе го извадите од плакарот или кога сте подготвени да го вратите назад.

Волнени палта

„Волната е опишана како самостоен материјал бидејќи содржи кератин, кој ги убива бактериите што предизвикуваат мирис, па затоа на волнените палта обично им е потребно само едно чистење по сезона“, вели Демпси.

Меѓутоа, ако се навлажни, многу е важно добро да се исуши, бидејќи ако ставите влажен капут во плакарот, ќе мириса лошо.

Фото: Пекселс/ cottonbro-studio

Кожени јакни

Демпси советува да ги чистите кожните јакни барем еднаш или двапати годишно, но ако ги носите многу, тоа треба да го правите почесто.

„Се препорачува да ја избришете јакната со крпа помеѓу суво чистење“, советува Сара.

Фото: Пекселс/ julia-hym

Јакни полнети со пердуви

Кога станува збор за овие јакни, Демпси препорачува овие алишта да се перат најмалку двапати во текот на зимската сезона, особено ако се носат секојдневно. Но, пред да ги фрлите во машината за перење, прочитајте ја етикетата на облеката и проверете дали вашата јакна е исполнета со пердуви или синтетика.

Перете ги внимателно според упатството и задолжително вметнете тениски топчиња во барабанот за да не се згрутчи полнењето.

Фото: Пекселс/aleksey-bystrov

Плус совет:

Исто така, избегнувајте да ги ставате зимските капути во плакарот, наместо тоа закачете ги на ладно место за да ги уништите бактериите и да ги елиминирате мирисите од околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот