Која земја има најмногу милијардери?

Јахта/ Фото MARKUS SCHOLZ / AFP / Profimedia

Твитер профилот на Ворлд оф Статистикс објави листа на земји со најмногу милијардери. Како што се наведува, најмногу милијардери има во САД – 735, додека Кина е на второ место со 495. На трето место е Индија со 169, а на четврто е Германија со 126.

Русија и Хонг Конг се на петтото и шестото место со 105 и 66 милијардери. Италија има 64, а потоа следи Канада со 63.

Тајван и Обединетото Кралство имаат по 52 милијардери, а Бразил е зад нив со 51. Австралија има 47, а Франција 43.

Швајцарија има 41 милијардер, а Јапонија е зад неа со еден помалку – 40, објави Н1 Инфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот