Фото: BlayzenPhotos BACKGRID Backgrid USA Profimedia

Која е поранешната 54 години помлада девојка на Ал Пачино? Има 30 години, а избира исклучиво постари мажи

Филмската продуцентка Нур Алфала до неодамна беше во емотивна врска со познатиот актер Ал Пачино, но тој не е единствениот славен и многу постар маж кој бил дел од нејзиниот живот.

И покрај значителниот јаз во годините, 84-годишниот холивудски актер и 30-годишната продуцентка се зближиле во текот на пандемијата на коронавирусот, па дури и го добија синот Роман, во јуни 2023 година.

Актерот неодамна беше прашан за неговиот моментален романтичен статус, а тој јасно стави до знаење дека е сингл.

– Не. Јас имам само пријателства – одговорил Пачино.

Портпаролот на Пачино дополнително објаснил дека двојката преминала од партнерство во пријателство и дека заеднички се посветени на одгледувањето на своето дете.

„Ал и Нур се многу добри пријатели и заедно го воспитуваат својот син Роман.“

Пачино е точно 54 години постар од Нур, но тоа очигледно не им било проблем. Пред холивудската легенда, овој 30-годишен филмски продуцент се забавувал со рокерот Мик Џегер.

Двајцата ја започнале емотивната врска во 2017 година, кога тој имал 74, а таа само 23.

„Мик сè уште го има тој свој легендарен шарм, но дури и членовите на бендот беа изненадени кога некоја толку млада и убава како Нур дојде во Париз да го посети“, изјавил тогаш извор за магазинот „Ролинг стоун“.

„Разликата во години не ми пречи. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и беше убаво“, изјавила Нур за магазинот „Хелоу“ години подоцна.

По врската со Џегер, се шпекулираше дека Нур започнала романса со Клинт Иствуд. Иствуд тогаш имал 88 години, а Алфала 25. Двајцата биле фотографирани заедно неколку пати, но негирале дека се во врска, тврдејќи дека се добри семејни пријатели.

Таа покажале дека нејзиниот избор се исклучиво многу постари мажи и по овие приказни, кога започнала врска со милионерот Николас Бергруен. Тој тогаш имал 56 години.

Иако можеби мислите дека со изборот на постари партнери сакала да си обезбеди подобра финансиска состојба, вистината е поинаква. Таа пораснала во Беверли Хилс, богата област на Лос Анџелес, а нејзиниот татко е успешен бизнисмен, односно основач на инвестициската фирма „ThirtyOneCapital Inc“, со седиште во Калифорнија.

ФОТО | Ал Пачино и неговата 54 помлада девојка видени повторно заедно, откако таа поднесе барање за старателство

ФОТО | Први фотографии од синот на Ал Пачино: Се шпекулираше дека не е негово, но детето неверојатно личи на својот татко

„Си најде друг!“: Ал Пачино веќе не е во врска со 54 години помладата девојка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот