
Kој европски град е најдобро место за спиење? На листата се најде еден од регионот
Добриот сон е еден од најважните фактори за здравјето и квалитетот на животот. Но, кои се предусловите за да имате добар сон?
Препорачано
Тоа се секако добар душек и перница, соодветна собна температура, но и недостаток на бучава и светлина. Последните два критериуми беа анализирани при креирањето на Европскиот индекс за спиење, истражување кое откри кој е најдобриот, а кој најлошиот град за спиење во Европа.
Истражувањето ги анализираше податоците за европските метрополи, а Берлин го зазеде првото место. Експертите за спиење во „Онлајн бедрумс“ ги проучуваa градовите низ Европа, вклучувајќи ги Франција, Хрватска, Унгарија, Италија и Велика Британија. Градовите беа рангирани врз основа на неколку фактори, кои вклучуваат загадување на светлината, пречки на дневна светлина врз основа на нивоата на облаци, загадување со бучава и оптимално ниво на сон на населението.
Берлин е прогласен за најдобар град во Европа за спиење поради слабата осветленост и бучавата и податокот дека 70 отсто од населението спие доволно и квалитетно, пренесува „Путни кофер“.
Најлошиот град за спиење во Европа е Рим. Се наоѓа на дното на рангирањето поради високите нивоа на светлосно загадување и бучава. Бучавата е проблем и за 41 отсто од жителите на Прага, град кој сепак се најде на второто место поради големиот број облачни денови. Светлосното загадување е најлошо во Лондон, но таму 74 отсто од луѓето спијат оптимално, а бучавата е на задоволително ниво. Мадрид има најмал просечен број на облачни денови, што значи дека сончевата светлина го нарушува сонот на жителите, поради што шпанската престолнина е на 10-то место во индексот.
Само три града имаат помалку од 20 отсто од населението вознемирено од бучавата од патиштата ноќе. Тоа се Лондон, Берлин и Загреб. Сепак, главниот град на Хрватска има високо ниво на светлосно загадување (7,44 осветленост на метар квадратен) и многу сончева светлина, така што само 68 отсто од жителите на Загреб имаат оптимален сон.
„Исклучително е важно да се наспиете добро, но европскиот индекс на спиење ни покажа дека тоа понекогаш е невозможно за жителите и туристите. Градот во кој живеете и го посетувате на одмор може да има огромно влијание врз вашиот начин на спиење. Нашето истражување покажа дека низ Европа, светлосното загадување, пречки на сончевата светлина, бучавата и ниските нивоа на оптимален сон предизвикуваат лош сон“, изјавил Ник Шаклок од „Онлајн бедрумс“.
Букурешт е вториот најлош главен град за добар сон поради високите нивоа на сончева светлина и светлосно загадување, како и 33 отсто од населението кое е под влијание на бучавата ноќе. Градот со најлошо ниво на загадување од бучава од патниот сообраќај беше Париз. Дури 54 отсто од нејзините жители спијат лошо.
Во Будимпешта исто така има повеќе од 70 отсто од жителите кои имаat оптимално ниво на сон. Варшава има сличен број жители кои добро спијат (69 отсто). Исто така, само 28 отсто од населението е зафатено со бучава во текот на ноќта. Шестиот најдобар град за спиење во Европа е Осло поради преку 70 отсто од облачните денови што им овозможуваат на жителите да се одморат добро ноќе и покрај тоа што 38 отсто од населението се соочува со бучава.
Целата листа на градови може да ја погледнете ТУКА.