
ФОТО+ВИДЕО | Кој е Томас Чекон кој ги фрли сите во транс? Жените полудеа по италијанскиот пливач на ОИ и светски рекордер, велат дека самиот Бог го создал!
Италијанскиот пливач Томас Чекон во понеделникот вечер доплива до олимпиското злато во дисплината на 100 метри грбно, со што стана првиот Италијанец кој успеал да се качи на тронот во таа категорија. Неговите пливачки способности секако ја воодушевија спортската јавност, но тој ја маѓепса женската публика со својата сексипилност и одличниот изглед.
Препорачано

Талентираниот пливач, кој е повеќекратен европски и светски шампион, ги полуде обожавателите низ светот, а на социјалните мрежи тврдат дека заслужува злато и за најдобар шмекер на Олимписките игри.
Еуфоријата за Чекон започна пред неколку дена, односно по церемонијата на доделувањето медали на 27 јули, кога Италија го освои бронзениот медал во штафетата 4х100 метри слободно, а во која учествуваше и овој 23-годишник.

Томас заедно со своите колеги пливачи се качи на тронот, а во еден момнет, кога сите заедно ги кренаа рацете за тимски да го прослават медалот, неговиот репрезентативен дуксер се подигна, откривајќи ги неговите исклесани стомачни мускули. Оваа сцена беше доволна за луѓето на социјалните мрежи да „полудат“, искажувајќи неверојатно воодушевување. Доволно е да се каже дека објавата што ја прикажува оваа сцена на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, допре до 20 милиони луѓе, што ја прави дефинитивно една од најпопуларните од Олимписките игри.
This is the sluttiest thing a man can do pic.twitter.com/CX1aV2RDk7
— Meech (@MediumSizeMeech) July 29, 2024
„Овој човек е нереално убав“, „Целиот патриотизам го напушта моето битие кога Томас Чекон е на екранот“, „Не е ни чудо што победи, таа вилица веројатно ја преполовила водата кога нурна“, „Се осмелувам да кажам дека овој човек самиот Бог го благословил“, се само дел од коментарите на воодушевената публика.
Младиот Италијанец навистина може да се пофали со многу ласкав изглед – висок е 197 сантиметри, исклучително е згоден, како и повеќето пливачи, но има и многу интересен лик, односно убаво лице со зелени очи и специфична харизма и став. Не е ни чудо што ги фрла жените во транс!

Во пливачкиот свет, Чекон го носи и прекарот „ајкула“ поради брзината што ја развива во водата, но и одлучноста што го краси во текот на натпреварот. Инаку, тој е светски рекордер на 100 метри грбно и 4х100 метри слободно. Тој е и италијански рекордер на 50 метри грбно и 50 метри пеперутка. Тој е светски шампион во 2022 година на 100 метри грбно и европски шампион во 2022 година на 100 метри грбно и 50 метри пеперутка.
@mikrosmikri thank me later ? #thomasceccon #olympics #swimming ♬ оригінальний звук – Mikros & Mikri
Во една прилика призна дека спортски идоли му се Рафаел Надал и Конор Мекгрегор, а е голем љубител на ММА, но само како гледач.
Чекон само еднаш крена негативна бура во европската јавност, кога на својот Инстаграм објави фотографија од Форо Италико – италијански комплекс кој бил изграден за време на владеењето на Мусолини. Заедно со фотографијата напишал „Boia chi milla“, израз што го користеле фашистите во Втората светска војна. Ова беше фашистички повик за борба, и додека буквалното значење е „убиец е оној кој ја напушта битката“, парафразирано би било „предавници се оние што се откажуваат“.
По големите критики, пливачот ја избриша објавата и јавно се извини, тврдејќи дека не знаел за историската конотација на реченицата што ја напишал.
Томас е популарен и Инстаграм каде што го следат повеќе од 420.000 луѓе.