КОХА: Докмановиќ со двојно државјанство, не може да ја претставува Македонија во Тел Авив?!

фото: Коха

Мишо Докомановиќ од страна на Владата на Македонија беше предложен за нов амбасадор на земјата во Тел Авив.

Весникот „Коха“, повикувајќи се на свои извори вели дека, професорот има двојно државјанство, македонско и хрватско, и со тоа го крши законот за надворешни работи, поточно членот 36, според кој, една личност со двојно државјанство, не може да биде именуван за дипломат/амбасадор на нашата земја во странска држава, поради фактот што е во спротивност се законот.

Од министерството за надворешни работи за „Коха“ изјавиле дека во оваа фаза на именување на амабасадорите не се во можност да дадат изјава, ни за конкретниот случај ниту за имињата на кандидатите кои се на листата предложени од Владата.

Од друга страна, професорот Докмановиќ, за „Коха“ рекол дека „не сака да даде изјава за оваа прашање“.

„Коха“ пишува дека освен Докмановиќ, во листата на кандидати за амбасадори се наоѓа уште еден друг со двојно државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот