Кога мртвите зборуваат

Благојче Атанасоски

Мислам дека овие појавувања на Црвенковски се темпирани нагазни мини на македонскиот општествен, демократски и европски развој, бидејќи оваа несреќа целиот свој политички живот работеше и, за жал, сè уште работи против интересите на Македонија како држава.

Пред помалку од две години, на некаков симпозиум организиран од најголемиот Македонец, после Александар Трети Македонски, во илјадалетната историја на библиска Македонија, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, господинот Љупчо Коцарев, за коментирање на македонските општествени состојби, загубите и предизвиците од потпишаниот Преспански договор (за придобивките не станува збор) и за натамошните евроинтеграции на Македонија, во присуство на неговиот наследник, онаа кловновска карикатура, која цели 10 години во два мандати ја извршуваше функцијата претседател на Македонија, опсесивно-компулсивно растроен да го најде гробот на кралот Александар во мочуриштето во Паљурци, се појави, за чудо на целата македонска јавност, со свое експозе, поранешниот премиер во три наврати, и поранешниот претседател на Македонија, лицето Бранко Црвенковски.

Без грам срам, без тронка морал и без елементарен интегритет, човекот кој во своето владеење ги о(д)бележа криминалните, транзициските 90-ти, човек кој со своето владеење создаде олигархиско елдорадо од Македонија, колумбиски криминален кварт, кој го направи најголемото економско-социјално раслојување на македонското стопанство, економија и животен стандард на граѓаните, ги критикуваше актуелните состојби во сите општествени сфери и пори на секојдневното живеење на граѓаните. Феноменалниот поранешен новинар и актуелен колумнист Бранко Тричковски тогаш тоа го опиша како „МАНУ е капела во која мртвите сè уште зборуваат“.

Гробарите на Македонија сакаат да ја дозакопаат!

Можам со леснотија да заклучам дека токму тој и онаа психосоматска душевно-болна сподоба, она човечко ништожество, избегано од правдата, кое денес е настането на бреговите на реката Дунав, во унгарскиот главен град, дека тие двајца се директните виновници со нивното децениско владеење за целосното упропастување на Македонија, нејзината до болка деградација на секое поле и за растурање на нејзиниот институционалниот апарат, кој до 1990 година, во рамките на поранешната СФР Југославија личеше на некаков пристоен воспоставен систем на ред, поредок и нормални вредности. Тие двајцата на своите плеќи ќе ја носат и ја носат историската вина за македонскиот помор, македонското исчезнување и македонското одумирање преку денешната масовна депопулација и емиграција, бидејќи од Македонија не создадоа едно големо ништо, туку во наследство оставија пекол од кој секој здраворазумен човек денеска сака да избега на запад и да се спаси.

Бранко е зависник од власта, човек кој целиот свој живот паразитирал од и во власта, човек кој никогаш не создал додадена вредност во македонската економија, или човек кој нема чесно заработено ќор денар во реалниот приватен сектор. И покрај неговиот завет по завршувањето на неговата „бравурозна“ политичка кариера, по поразот на локалните избори во 2013 година, кога активно се повлече од македонската политика, дека нема да ги коментира јавно општествените и политички состојби во Македонија, овој морален лешинар, од време на време се појавува во македонскиот етер за да даде по некоја критика. Чисто да не потсети дека е жив и дека не умрел и физички, како што одамна е мртов политички, а ние да не сме разбрале, и тоа да помине незабележано во јавноста, бидејќи јавноста одамна го заборавила дека е жив. Не, шегата настрана.

Мислам дека овие негови појавувања се темпирани нагазни мини на македонскиот општествен, демократски и европски развој, бидејќи оваа несреќа целиот свој политички живот работеше и, за жал, се уште работи против интересите на Македонија како држава, а во интерес на српските, подземно белградските интереси кај нас. Бидејќи од раните 90-ти до денеска е нивни производ, нивна креација и креатура и е кукла на конци, влечена од белградските кукловоди. Многу слична, да не речам целосно иста, е онаа грозоморна по лик и дело, одвратна во секој можен аспект, со крив нос, од и ум, избегана кукла во Будимпешта, која денеска ужива јадејќи трипати дневно гулаш во унгарската престолнина. Денеска тие се гробари на Македонија, кои како да избегале од лопатата на гробарот, и сакаат да ја дозакопаат Македонија и нашата иднина, претајќи за последно. Да, двајцата беа и се подметнати кукавички јајца во македонското гнездо од удбашките структури кои се уште Македонија ја држат на кратко јаже за да не може да тргне по својот самостоен пат на развој и напредок, надвор од српската сфера на интерес. Односно, да излезе од српскиот свет и да престане да биде неговата „последна караула“. На последната збиранка, овој пат организирана од некаков си смешен, безвезен „совет на амбасадори“, фалело да се појави и најјакиот „амбасадор од кариера“ кај нас и тој да даде критика за општествените состојби кај нас за гротеската да биде целосна. Сите тие што се појавиле таму се, повеќе или помалку, виновни за состојбите во кои се наоѓа денеска Македонија на внатрешно-политички или, пак, на надворешнополитички план. Тие треба да одговараат пред македонските правосудни органи и да одлежат затворски казни, а не да даваат „ум и разум, совети и предлози“. Кога веќе судско-обвинителскиот систем е „нивни“, корумпиран, гнил и приватизиран од нивните центри на моќ и не може да ни ја испорача толку посакуваната правда за да ги видиме зад решетки, барем нека се покријат и нека се скријат.

Како Халеева комета, еднаш на 76 години!

Има луѓе што велат дека ова лице го гледале во тренерки низ падините на Водно како се искачувал и се симнувал сам, пешачејќи. Не бил здравствено добар, па докторот му препорачал физичка активност, како што тој и „препорачува“ на Македонија и на власта што треба да направи за да ги „заштитиме македонските национални интереси“. Можеби им верувам дека е така. Само не им верувам дека го виделе него. Виделе некое зомби или тоа што останало од него. Виделе жив мртовец. Кој е одамна политички мртов. Како и оној во Будимпешта. Морално потонат на дното на Дунав. На овие зомби суштества, живи мртовци, за жал, нема кој да им го каже тој факт. Еве јас сум првиот. Така што подобро нека не се појавуваат во јавноста, дополнително да ја иритираат.

(Авторот е политиколог)

ЈАЗИКОТ НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ, КАКО И СТАВОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО КОЛУМНИТЕ, НЕ СЕ СЕКОГАШ ОДРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот